Најголемата борба што ја водиме не е со времето, околностите или со другите луѓе. Таа е со самиот/а себе. Со гласот во нашата глава што ни зборува дека не сме доволно добри, дека не можеме, дека не вредиме.
Секој ден се суди со тие сомнежи и стравови кои не тераат да се повлечеме или да се откажеме. Но токму во тие тивки битки се гради вистинската сила.
Кога ќе успееш да го игнорираш тој негативен глас и сепак да направиш уште еден чекор напред, ти се менуваш. Секој избор да продолжиш и покрај се, е победа која не се гледа надворешно, но ја чувствуваш внатре.
Токму затоа, најголемата борба е со себеси – затоа што тука се крие и твојата најголема сила. Кога ќе ја совладаш, нема ништо што може да те запре.