ТУКА ЗАПОЧНУВА ТВОЈАТА ПРОМЕНА
ONLINE & PERSONAL COACH
Градиме сила, дисциплина и самодоверба – за тело што зборува и ум што не се откажува.
ШТО ДОБИВАШ
Тренинг план
Прилагоден според твојата цел.
План за исхрана
Без комплицирани диети.
Поддршка
Насоки и мотивација кога ти требаат.
Прогрес
Следење и корекции низ процесот.
Добиј персонализиран план за тренинг и исхрана кој ќе ти помогне да изгубиш масти, да ја подобриш формата и да останеш мотивиран — сè online, достапно од било каде.
Online Coaching е целосно прилагоден тренинг и нутриционистички пристап што го добиваш дигитално — планови, видео демонстрации и редовна поддршка.
*Програмите се прилагодуваат според твоето ниво, опрема и здравствена состојба.
👉 Оди кон програмите и одбери го твојот план!
Моето фитнес патување започна на 6-годишна возраст со боречки вештини, конкретно со карате борби. На 19 години целосно се посветив на кикбоксот и започнав професионална кариера која ми донесе национални и интернационални успеси.
Денес сум целосно посветен на тоа да им помогнам на луѓето да ги трансформираат своето тело и ум преку дисциплина, напорна работа и проверени стратегии.




Мотивацијата не доаѓа сама. Таа се гради со секој чекор што го правиш кога ти се одмора, со секоја вежба што ја завршуваш кога сакаш да се откажеш.
Но нема да бидеш сам/а во тој процес – јас сум тука со тебе секој ден, да те турнам понатаму кога ќе биде тешко и да те потсетам зошто почна.
Храната не е само калорија – таа е гориво, енергија и грижа за себе.
Ќе ти помогнам да ја разбереш, да ја прилагодиме и да ја направиме одржлива, за да имаш енергија, сила и резултати што траат.
Вежбањето не е казна – тоа е прослава на она што твоето тело може да го направи.
Со секое движење ја градиш формата, менталната сила, самодовербата и дисциплината.
Ќе добиеш индивидуален пристап, мотивација, професионална насока и постојана поддршка, што значително ги зголемува шансите за успех и резултати.
Ако напредуваш, се чувствуваш мотивирано и планот е прилагоден на твоите способности и цели – тогаш си на вистинскиот пат.
Во зависност од целта, најчесто 3 до 5 пати неделно се доволни за видлив напредок, доколку си доследен и правилно се храниш.
Да, тоа е можно – особено кај почетници или при добро ускладена исхрана и тренинг програма со соодветен баланс на калории и протеини.
Не мора да биде строга – клучот е во доследноста, умереноста и правилниот избор на храна што ти одговара на целите.
Персонализирана програма за вежбање, видео-демонстрации, насоки за исхрана, неделна поддршка и комуникација со тренерот.
Да – ако следиш планот, комуницираш со тренерот и си посветен, резултатите можат да бидат подеднакво добри.
Ќе добиеш пристап преку линк, кој ќе биде испратен на твојот меил, каде ќе ги следиш тренинзите и насоките.
Во повеќето случаи, доволни се тегови, ластици или само телесна тежина – сѐ зависи од типот на програмата.