Skip to main content

MGFIT

ЗАГРЕВАЊЕ

• Пред секој тренинг ЗАДОЛЖИТЕЛНО е растегнување и загревање, поготово на делот што планирате да го вежбате. Ако сте во брзање и немате доволно време, загрејте го и растегнете го барем делот од телото кој планирате да го вежбате. 

« Секој почеток носи предизвици, но и можност за трансформација. Ако си тука – значи веќе си направил првиот чекор. Оваа програма е внимателно креирана за да ти помогне да ги постигнеш резултатите што ги посакуваш – без брзи трикови, без губење време. Само јасен план, посветеност и резултати што ќе траат.

Ќе има денови кога ќе ти биде тешко, но токму тие денови ќе те изградат. Следи го планот, верувај во процесот, и најважно – верувај во себе. Твоето тело може многу. Покажи му на умот дека и ти можеш. »

Како се изведува тренингот?

Едно видео = еден тренинг за тој ден.
Еден тренинг е составен од неколку сетови на вежби.

Вежбите се прават по истиот редослед како што се прикажани во видеото, но интензитетот може да се прилагоди според вашата моментална физичка подготвеност.

Препорачаниот број на серии е од 5 до 10 серии.

Доколку на почеток не можете да направите 5 серии, слободно започнете со помал број. Со текот на времето, како што ќе станувате посилни и поиздржливи, постепено зголемувајте го бројот на серии.

Редослед на тренингот

На почеток се изведуваат Jumping Jacks, а потоа продолжувате со вежбите по редослед како што се прикажани во видеото.

Доколку се чувствувате добро и не сте премногу уморни, можете веднаш да продолжите со следниот сет вежби, без дополнителна пауза.

Доколку ви е потребен одмор, направете кратка пауза помеѓу секој сет на вежби, а потоа продолжете понатаму.

Кога ќе ги изведете сите вежби од видеото еднаш од почеток до крај, тоа се смета за 1 завршена серија.

Потоа направете пауза од 2–3 минути и повторно започнете од почеток.

Истата постапка се повторува за:
2-ра серија, 3-та серија, 4-та серија… сè до бројот на серии што можете да ги изведете.

Важно е тренингот да го прилагодите според вашето ниво. Не е целта веднаш да стигнете до максимумот, туку постепено да напредувате и со секој тренинг да станувате посилни.